Русија и Индија преминуваат на заедничко производство на воена техника

Русија и Индија преминуваат на заедничко производство на воена техника, што претставува значителен напредок во билатералните односи, изјави министерката за надворешни работи на Индија Сушма Свараџ.

Русија и Индија преминуваат на заедничко производство на воена техника, што претставува значителен напредок во билатералните односи, изјави министерката за надворешни работи на Индија Сушма Свараџ.  

„Нашата военотехничка соработка со Русија функционираше според шемата „продавач-купувач“, Тие продаваа вооружување, ние го купувавме“, истакна таа на прес-конференцијата посветена на годишнината од почетокот на работата на новата индиска влада. „Но, соработката се смени. Русија реши да произведува вооружување во Индија, како и да произведува во соработка со нас, предавајќи ни одредени технологии“. 

Зборувајќи за билатералните односи во целина, Свараџ додаде дека „односите меѓу Русија и Индија се полни со доверба“. „Русија е наш пријател кој е проверен“, додаде шефицата на дипломатијата на Индија. 

Индија почна да произведува воена техника врз основа на лиценците добиени од СССР  во 1967 година, кога националната корпорација за производство на авиони „Хиндустан Аеронаутикс Лимитед“ го склопи првиот МиГ-21. Русија и Индија во 1998 година го основаа заедничкото претпријатие „БраМос Аероспејс“ за производство на суперсоничните крстосувачки ракети „БраМос“.  

Во моментов Русија и Индија ги привршуваат преговорите за основање на заедничко претпријатие за производство на повеќенаменските хеликоптери Ка-226Т. Страните исто така планираат заеднички произведените ракети „БраМос“ и хеликоптерите Ка-226Т  да ги извезуваат во трети земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња