Индиската армија во понеделникот успешно ја тестираше земната верзија на руско-индиската суперсонична ракета „БраМос“ во пустинската држава Раџастхан, изјави за РИА Новости извор во министерството за одбрана на Индија.
Лансирањето на ракетата бил извршен во 6:25 по македонско време на полигонот „Похран“ од мобилна лансирна платформа. Ракетата ја уништила предвидената цел. Со тоа била демонстрирана способноста на ракетата да ја пробива заштитата на заштитените објекти. Армијата планира да ги користи овие ракети во планинските предели.
Руско-индиската суперсонична крилеста ракета „БраМос“ се појави во индиската армија во 2005 година. Радиусот на дејство на ракетата изнесува 290 километри, а може да носи боев полнеж до 300 килограми. Досега успешно се извршени земни и морски тестови, а се планира опремување и на авионите Су-30МК со оваа ракета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче