Суперсоничната крстосувачка ракета БраМос, која заеднички ја произведува руско-индиската компанија Brahmos Aerospace беше успешно лансирана од најновиот индиски крстосувач ИНС Колката, пренесува РИА Новости.
Ракетата беше лансирана со помош на единствениот вертикален систем дизајниран и патентиран од Brahmos. Овој систем овозможува вертикално лансирање на ракетата во било кој правец.
„Лансирањето помина беспрекорно и ракетата се однесуваше во склад со пресметките“, се вели во соопштението на „Brahmos Aerospace.
Суперсоничната крстосувачка ракета БраМос се наоѓа во вооружувањето на индиската војска од 2005 година. Дометот на оваа ракета е 290 км. Таа може да понесе боева глава со маса до 300 кг. По копнените и поморски тестирања БраМос ќе биде инсталирана на ловците Су-30МКИ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче