На саемот на воена техника „Армија-2018” претставен модернизираниот „Пеницилин”

На Меѓународниот военотехнички форум „Армија-2018” значајно место зазедоа ракетните и артилериски системи. Во оваа категорија беа претставени: системот „Искандер”, најновото самоодно орудие 2С35 „Коалиција-СБ”, најмоќниот топ на светот 2С7М „Малка” со калибар 203 милиметри, како и други ништо помалку интересни модели.

Меѓутоа, овие „богови на војната“ не би биле толку ефикасни без различните средства за извидување и маркирање на цели. Без сомнеж, оваа техника не изгледа ефектно како гасеничниот самооден систем или повеќецевниот ракетен фрлач, но нејзината улога во современи услови не може да биде преценета.

Затоа на штандот на Главната ракетно-артилериска управа на Министерството за одбрана на Русија беа претставени модели на автоматизираниот звучно-топлотен систем за артилериско извидување 1Б75.

На пошироката јавност овој новитет на руската воена индустрија ѝ е познат како „Пеницилин”, т.е. под називот на експериментално-конструкцискиот проект. Кога експертите велат дека Научноистражувачкиот институт во овој проект успеал да изведе вистинска револуција, тие воопшто не претеруваат. Благодарение на суперчувствителните сензори артилерците имаат можност со голема прецизност да откриваат непријателски позиции на артилериско орудие, минофрлачи, повеќецевни ракетни системи, а притоа да не ја откријат својата позиција на непријателот. Без никакви тешкотии 1Б75 ги утврдува и стартните позиции на тактичките и противавионските ракети.

На пример, минофрлачки позиции можат да се одредат на растојание до 10 километри, локации на самоодни хаубици на 18 километри, а на ракетни системи на растојание до 40 километри.

„Пеницилин” е исто така во состојба истовремено да лоцира до 30 цели, а појасот за извидување притоа е 20-25 километри.

Добиените информации веднаш се обработуваат и артилеријата добива прецизни координати за уништување на противникот.

Прочитајте повеќе: „Искандери“, „Урагани“, „Торнада“: со што сè е вооружена „божицата на војната“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња