Видео: Новиот руски ракетен тегнач воодушеви на форумот „Армија 2018“ со маневарските способности

Скриншот

На Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2018“ се прикажани возните карактеристики на специјалната шасија на тркала за мобилни копнени ракетни системи. Маневарските можности на тегначот КамАЗ 78650 (проект „Платформа-О“) ги воодушевија посетителите на изложбата.

Динамичкиот приказ на тегначот може да се види и на видеоснимката. На присутните посебен впечаток им остави лесното и брзо движење на возилото, како и начинот на кој се движеше и ги совладуваше пречките.

Носивоста на тегначот е 85 тони, а се претпоставува дека ќе ја замени шасијата на тегначот на тркала што ја произведува Минската фабрика. Русија одамна развива домашни шасии на тркала засновани на современи технички решенија како што се модуларниот состав, електромеханичкиот пренос, управување со сите тркала или систем за автоматско управување со движењето.

Центарот за користење на копнената космичка инфраструктура во соработка со конструкторското биро „Мотор“ изврши тестирања на тегначот КамАЗ-7850 кој може да влече приколка од 90 до 165 тони. Исто така е тестирана и полуприколка со која можат да се транспортираа и доставуваат во силосите тешки балистички ракети. Новите тегначи КамАЗ-7850 ќе се користат и за влечење на подвижни воени спални, комуникациски центри, командни пунктови и штабови.

Прочитајте повеќе: Нов лесен тенк: Суперзаштитениот „Спрут“ прикажан на воениот форум „Армија-2018“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња