Практично еден милион луѓе го посетија големиот воено-технички саем „Армија-2018“ кој се одржува во паркот „Патриот“ во Подмоскоје, на тенковскиот полигон Алабино, на езерото Комсомолско и аеродромот Кубинка. Вчера беше поставен и апсолутен рекорд во посетеност откако се одржува оваа манифестација, каде низ капиите на саемот поминаа повеќе од 300000 луѓе.
Во рамките на саемот „Армија-2018“ беа прикажани и најновите достигнувања на руската воена индустрија – од беспилотни летечки апарати и роботи, па сѐ до стратешки нуклеарни ракетни системи. На саемот учествуваа компании од Кина, Индија, Турција, Белорусија, Германија, Франција, Пакистан, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Естонија, Летонија, Чешка, Словачка...
Според посетеноста и бројот на експонати кои можат да се видат на едно место, статичната и динамичната експозиција, меѓународниот воено-технички саем „Армија-2018“ сигурно спаѓа во најголемите манифестации од тој вид во светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче