„Калашников“ развива суперелектромобил и најавува сериозна конкуренција на „Тесла“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот концерн „Калашников“ развива технологија за електричен суперавтомобил со кој би им конкурирал на лидерите во таа област, меѓу кои е и калифорниската фабрика „Тесла моторс“.

„Развиваме наш концептуален електричен автомобил заснован на неколку оригинални системи на концернот „Калашников“. Таа технологија ќе ни овозможи да застанеме рамо до рамо со светските производители на електроавтомобили како што е, да речеме, „Тесла“, и сериозно да им конкурираме“, велат од рускиот концерн.

Суперавтомобилот ќе развива сила до до 1,2 мегавати благодарение на електричниот акумулатор чиј капацитет е 90 киловат-часови. Електромобилот CV-1 е развиен врз база на ретро каросеријата ИЖ-21252 „Комби“. Развива номинална сила од 220 киловати, а автономијата на движење изнесува 350 километри, колку што ќе може да помине меѓу две полнења на акумулаторот.

Рускиот концерн во овој момент направи неколку електрични автомобили, меѓу кои е и UV-4, наменет за цивилниот пазар, со сила на електромоторот до 50 киловати и максимална брзина од 80 км/ч. „Калашников“ претходно го претстави новиот беспилотен систем ZALA 421-16E5V2.

Прочитајте повеќе: Концернот „Калашников“ претстави цивилен електричен автомобил без врати