Во Русија продолжува работата на проектот на модуларното оклопно возило „Волк”. Пробните модели на ова воено возило се наменети за следната фаза на тестирањата, објави ТАСС.
Тестирање на модуларното оклопно возило „Волк” беше вршено уште пред три години во Арзамскиот завод за машиноградба. Во испитувањата учествуваа четири верзии на возилото, меѓу кои транспортно-товарниот оклопен автомобил за превоз на товар и војници, со можност за поставување на различни борбени модули. Освен тоа, во десантниот сегмент на возилото беа поставени сигурносни седишта за заштита на војниците во случај на експлозија на мина на патот. „Волк“ исто така имаше систем за прилагодување на висината на клиренсот и за пневматско потпирање.
„Овие возила го дадоа својот придонес во унапредувањето на технологијата и конструкцијата кај оклопните возила, но беа потребни одредени измени“, се наведува во соопштението.
Главната специфичност на „Волк” по која тој се разликува од оклопното возило „Тигар” е во тоа што тој поседува унифицирана платформа на тркала која овозможува поставување на модули за различни конкретни задачи. „Тигар“, меѓутоа, поседува оклопен скелет од еден дел, составен со заварување, и возилото не може да се трансформира без измени на конструкцијата во фабрички услови.
Тактичко-техничките карактеристики на „Волк” од 2015 година се: вкупна маса на возилото од 7500 до 11500 килограми, брзина 120 километри на час, со полн резервоар поминува до 1000 километри. На „Волк” може да се постави минофрлачки систем, противтенковски ракетен систем, како и противвоздушен ракетен систем со мал дострел. Во десантното одделение на возилото може да се превезуваат од 8 до 18 лица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче