Терминатор-2
Виталиј В. Кузмин„Терминатор“ е најновото средство за непосредна огнена поддршка на трупите на земја, проектирано и да пружи огнена поддршка на тенковите во напад. Вооружен е со два автоматска топа 2А42 со калибар 30 мм, наведувани противтенковски ракети и автоматски фрлачи на гранати АГ-17Д. Применетото вооружување кое е имплементирано на БМПТ „Терминатор“ може многу ефикасно да уништи непријателски тенк или утврдување на оддалеченост и до 6 км. Исто така е многу применлив против непријателската пешадија и хеликоптери.
Оклопните машини „Терминатор 2“ ќе учествуваат првпат во парадата по повод Денот на Победата на 9 мај годинава.
„Тоа ќе биде премиера, како за земјата, така и за светот. Машината пред тоа ја тестиравме во борбите во Сирија и ги прикажавме огнените можности на затворен полигон на воениот форум „Армија 2017“. Во овој момент техниката е целосно подготвена и испробана и ќе помине во стројот на главната воена парада во земјата“, изјави извор за Russia Beyond-Македонија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче