Руската корпорација за производство на авиони „МиГ” почна со работа над проектот за ловецот од петта генерација МиГ-41, соопшти генералниот директор на корпорацијата Иљја Тарасенко.
„Не, тоа не е измислица, тоа е стар проект на МиГ. Сега во составот на Обединетата корпорација за производство на авиони интензивно работиме на тоа и наскоро проектот ќе ѝ го претставиме на јавноста“, рече Тарасенко, пренесуваат медиумите.
Во август минатата година Тарасенко соопшти дека испораката на најновите ловци-пресретнувачи МиГ-41 за Воздушно-космичките сили на Русија веројатно ќе почне кон средината на 20-те години на 21 век.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче