Во 2018 година во Русија почнува работата над новиот ловец МиГ-41

МиГ-31

МиГ-31

Виталиј В. Кузмин
Руската Обединета корпорација за производство на авиони (ОАК) планира во 2018 година да почне со работа над нов напреден модел на ловец-пресретнувач, соопшти генералниот конструктор на ОАК Сергеј Коротков.

„Тоа го очекуваме. Сѐ зависи од главниот документ: државната програма за вооружување. Во моментов во тек е разгледување на техничкиот проект во кој учествуваат Министерството за одбрана како нарачател и корпорацијата „МиГ“ како производител. Најважно е барањата да бидат во согласност со обемот на финансирање“, изјави Коротков.

Во моментов во состав на вооружувањето на Воздушно-космичките сили на Русија се наоѓа пресретнувачот МиГ-31, примен во вооружувањето во 1981 година. И покрај 36-годишниот стаж, во светот и понатаму не постои пандан на овој авион според низа показатели, на пример, според дометот на откривање и гаѓање на целите.

Во јуни директорот на корпорацијата за производство на авиони „МиГ“ Илја Тарасенко веќе најави почеток на работата над перспективниот далекулетен систем за пресретнување (ПАК ДП). „Животниот циклус на МиГ-31 ќе заврши наредниве 10 години. Со самото тоа е потребно да се направи замена“, изјави директорот на корпорацијата.

Новиот пресретнувач ќе го носи името МиГ-41. Тоа ќе биде целосно нов авион во смисла на применетите технологии, кој може да извршува задачи и во поблиската вселена, објаснуваат претставниците на корпорацијата „МиГ”. За „вселенскиот карактер” на новиот пресретнувач зборуваше и генералниот конструктор на ОАК.

„Ни велат дека ни треба „вселенски“ авион и ќе го направиме да биде „вселенски“, рече Сергеј Коротков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња