Русите преку оглас ја продаваат фабриката во која е направен советскиот вселенски брод „Буран“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На еден од најпопуларните во Русија веб-сајтови за купопродажба „Авито“ се појави оглас за продажба на „Тушинската фабрика за машиноградба“ каде настана познатиот товарен вселенски брод „Буран“.

Огласот е објавен на 6 август. Руските медиуми пренесуваат дека фабриката банкротирала и се продава за 8280 милијарди рубли, односно околу 112 милиони евра.

Се продава буквално сѐ што е во сопственост на фабриката, па дури и сопствената железничка линија.

„Тушинската фабрика за машиноградба“ е основана 1932 година и беше едно од најголемите претпријатија на авиовселенската индустрија на СССР. Најголемиот и најскап советски проект поврзан со истражувањето на вселената „Буран“ е затворен 1993 година.

Повеќе за „Буран“ прочитајте во Потрага по „Буран”: Што се случи со советскиот спејс-шатл?