Извор: Lori/Legion-Media
Одберете кој планетариум повеќе ви одговара според вкусот: скапиот, но преполн со чудна забава, или пријатниот, мал советски, скриен во гранките на Екатеринската градина. Не заборавајте два месеца пред посетата да се погрижите да се запишете за екскурзија во затворениот Ѕвезден град.
Музеј на астронаутиката
Извор: Lori/Legion-Media
До моментот на завршување на Втората светска војна никој не знаеше дали едно живо суштество ќе може да преживее лет во вселената. Во СССР решија да вршат експерименти врз кучиња, бидејќи веќе го имаа искуството на академикот Павлов, во САД – на мајмуни, а во Франција – на мачки. Кучињата ги земаа од засолниште за кучиња-бездомници, затоа што домашните беа премногу негувани, се бараа кучиња со вистински „советски карактер“ – скромни и самопожртвувани.
Адреса: проспект „Мир“, 111
Метро: ВДНХ
Тел: +7 (495) 683-79-68
www.kosmo-museum.ru/?locale=en
Работно време: вторник, среда, петок-недела 10.00-19.00, четврток 10.00-21.00
Затворено: понеделник
Влез: 200 руб. (3,5 долари)
Екскурзија: 350 руб. (6 долари)
Посета на интерактивниот експонат „Буран-2“: 200 руб. (3,5 долари)
Во август 1960 година 17 пати летаа околу Земјата и триумфално се вратија Белка и Стрелка. Целиот преостанат живот живееја од славата, настапувајќи во детски градинки и училишта, а по нивната смрт кучињата беа препарирани и изложени во музејот на астронаутиката во Москва.
Никита Хрушчов ѝ го подари на ќерката на американскиот претседател кученцето Пушинка – ќерка на херојската Стрелка. Подарокот беше со алузија: Првиот секретар на ЦК КПСС сакаше да покаже дека СССР им го истри носот на Американците во трката за вселената. Откако ја помина проверката на ЦИА за присуство на уреди за прислушување, Пушинка стана миленичка на семејството Кенеди и наскоро се спари со велшкиот териер Чарли, од кого роди четири кученца.
Исто така во музејот на астронаутиката се претставени првиот сателит, ВЦ-школката на бродот, капсулата во која престојувале кученцата Козјавка и Отважнаја, личните предмети на првиот космонаут, примероци од почвата на Месечината (сите експонати се оригинални), атракцијата „Буран“ која имитира вселенски лет, а во продавницата за сувенири може да се купи вистинска храна за космонаути.
Во блиската меморијалната куќа-музеј на Королев сè е како што било додека бил жив академикот. Тој овде живеел шест години во периодот на џиновската работа, посветен на сите приоритетни проекти на векот за освојување на вселенскиот простор од кои главниот бил – лансирање на првиот вештачки сателит на Земјата и лет на првиот човек во вселената.
Ѕвезден град
Извор: Photoexpress
Адреса: Московска област, Шчолковски автопат, 23 км од МКАД, Ѕвезден град
Тел: +7 (495) 526 38 74
www.zvezdniygorodok.ru (на руски)
e-mail: go@zvezdniygorodok.ru
Цена: 500 руб. (9 долари)
Во затворената населба Ѕвезден град работи Центарот за подготовка на космонаути и Музејот за вселенски истражувања каде раскажуваат за вселенските бродови, ја покажуваат првата ракета, скафандери, тренажери за подготовка на космонаутите. Откако ќе поминете лекарски преглед, сето тоа можете да го пробате на себе.
За да влезете во музејот, првин треба телефонски или по е-пошта да се пријавите за екскурзија за не помалку од 35 работни денови.
Московскиот планетариум
Извор: Владимир Астапкович / ТАСС
Адреса: Садоваја-Кудринскаја, 5, стр. 1
Метро: Краснопресненскаја, Барикаднаја
Тел: +7 (495) 221 76 90
www.planetarium-moscow.ru/en
Работно време: понеделник, среда-недела 10.00–21.00
Влез: 120–700 руб. (2 - 12,5 долари)
Московскиот планетариум по реконструкцијата е огромна атракција со научно-просветителска мисија. Овде се Големата и Малата ѕвездена сала, интерактивниот музеј „Лунариум“, 4D-киното и Опсерваторијата. Во Големата ѕвездена сала стои самиот апарат за планетариум кој врз куполите ги проектира ѕвездите и планетите и прикажува документарен филм за црните дупки или за судирањето на галаксиите. Во интерактивниот „Лунариум“ можете со виртуелен метеорит да направите да експлодира Сонцето, да управувате со возило за истражување на планетата Марс, да лансирате ракета на водороден погон и да моделирате вонземјанин.
Во Москва исто така е и прекрасниот мал планетариум во Екатеринската градина (www.planetarium-cc.ru – на руски).
Павилјон „Космос“ на ВДНХ
Извор: Михаил Џапариsе / ТАСС
Адреса: проспект „Мир“, 119, ВДНХ, павилјон 34
Метро: ВДНХ
Тел: +7 (495) 215 13 41, +7 (495) 215 13 48
Работно време: вторник-недела по претходен договор
Влез: 500–2000 руб. (9 – 36 долари)
При купување на билет преку Интернет попуст 5%.
www.marstefo.ru (на руски)
Во павилјонот-музеј „Космос“ на ВВЦ е изграден првиот во Русија интерактивен модел на вселенската станица од иднината на Марс во оригинални димензии - „Марс-Тефо“. Ова е едукативен проект и истовремено интерактивен музеј, посветен на истражувањето на Марс, каде уште денес можете да се испробате во улогата на космонаут и истражувач на далечните светови. Базата ќе се проширува, во дадениов момент се состои од еден ходник и три отсеци: енергетски, геолошки и команден.
Посетата на „Марс-Тефо“ е можна во три формати: гледање, допирање, испробување. За посетителите е достапен симулатор за движење на возило за истражување на Марс по површината кој дава можност да се разгледаат пејзажите на Марс, да се дојде до станицата и да се набљудуваат виорите. Ќе ја видите „Песочницата“ која симулира површина на Марс, како и панорамата на кратерот Гејл која ја сними Кјуриосити во август 2012 година. Покрај ова, посетителите ги очекува и зоната за телепортирање – премин во пространства од иднината каде е можно човечко истражување на Марс и видео-сала-орбиталниот комплекс каде на страничните прозорчиња се прикажуваат Марс и видео за истражувањата и освојувањето на Црвената планета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче