Русија прави нов супертежок авион кој ќе го замени „Руслан“

Ан-123 „Руслан”

Ан-123 „Руслан”

Ајнур Казимова/Википедија

Во Русија веројатно ќе биде продолжена работата над нов супертежок авион кој треба да го замени моделот „Антонов“ Ан-124 „Руслан”, изјави потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов.

„Државната програма за набавка на вооружување за периодот до 2027 година содржи научноистражувачки работи на нов авион“, рече Борисов.

Според него, новиот авион ќе биде „дигитализиран“ и опремен со нови мотори ПД-35. Освен тоа, тој прецизира дека Ан-124 може да се користи до 2050 година, под услов да се модернизира кабината на авионот, да се замени радиоелектронската опрема итн.

Ан-124 „Руслан” е советски, подоцна украински тежок транспортен авион со турбомлазен мотор. Максималниот товар кој може да го понесе е 120 тони, максималната брзина му е 865 километри на час, а долетот со полн резервоар и под полн товар му е околу 5000 километри.

Прочитајте повеќе: Русија планира да го обнови производството на најголемиот товарен авион Ан-124 „Руслан”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња