Русија го разгледува прашањето за обнова на производството на тешкиот товарен авион Ан-124 „Руслан”, соопшти командантот на руската воена транспортна авијација Владимир Бенедиктов.
„За ова прашање редовно дискутираме. Прашањето е отворено”, рече генералот.
Тој истакна дека сѐ уште не е донесена дефинитивна одлука за ова прашање.
Тешкиот товарен авион Ан-124 „Руслан” е произведен во СССР 1982 година. Тоа е најголемиот товарен авион во сериско производство. Нема пандан во светот според своите размери и тежината на товарот што може да го носи.
Врз негова основа се произведуваат модернизирани верзии.
Авионот пред сѐ беше наменет за воздушен транспорт на мобилни лансери на интерконтинентални балистички ракети и за големи десанти на војници и тешка воена техника.
На 18 април беше соопштено дека Русија одлучила да не му ги дава на користење на НАТО товарните авиони Ан-124.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче