Врз основа на искуството од „тенковскиот биатлон“ Русите од Т-72Б3 прават суперагилен тенк

Основниот борбен тенк Т-72Б3

Основниот борбен тенк Т-72Б3

Игор Русак/Sputnik
Кога еден тенк при максимална брзина и граничните вредности на работата на моторот ги совладува своите пречки како што е тенковски ров или пречка со вода, тоа е повеќе од одличен полигон за прибирање на технички информации. Врз основа на тие показатели направивме исклучително моќен мотор и систем за управување со огнот кои ќе бидат основен дел од стандардот на Т-72Б3-М, велат од „Уралвагонзавод“.

„Уралвагонзавод“ за основниот борбен тенк Т-72Б3 разви нов мотор и систем за управување со огнот врз основа на искуството собрано при одржувањето на „тенковскиот биатлон“. Ова за „Интерфакс“ го изјави заменик-генералниот директор на корпорацијата „Уралвагонзавод“ Вјачеслав Халитов.

„Познато ви е дека врз основа на експлоатацијата на тенковите во екстремни натпреварувачи услови каков што е секако „тенковскиот биатлон“, вршиме постојани унапредувања на тенковите кои ги испорачуваме на нашата армија. Конкретно, ние развивме уште посилен мотор, но и го унапредивме системот за управување со оган“, истакнува Халитов.

„Кога тенкот ги совладува своите пречки како што е тенковски ров или пречка со вода, при максимална брзина и гранични режими на работата на моторот, тоа е повеќе од одличен полигон за прибирање на технички информации“, потсетува Халитов.

„Тенковскиот биатлон“ на територијата на Руската Федерација се одржува од 2013.година. Голем број на екипи го користи токму основниот борбен тенк Т-72Б3 кој го разви корпорацијата  „Уралвагонзавод“. Последниве пет години тенкот претрпе неколку модификации кои конкретно се однесуваат на зголемување на силата на моторот и подобрување на системот на основното вооружување.

Кон крајот на мај оваа година нашата редакција објави информација за плановите на руската армија да ја прими во вооружување модернизираната верзија на тенкот Т-72Б3-М (Т-72Б4) која ќе биде опремена со нов мотор.

„Се работи за последната модернизација на тенкот Т-72Б3 која по своите вкупни тактичко-технички способности ќе го надмине основниот борбен тенк Т-90А „Владимир“, се наведува во текстот што го пренесува интернет порталот „Интерфакс“.

Од информативната служба на Западниот воен округ неодамна соопштија дека Првата тенковска армија на тенковскиот полигон „Головењки“ спровела испитување на модернизираната верзија на тенкот Т-72Б3-М.

Во ноември 2017 година од информативната служба на корпорацијата „Уралвагонзавод“ изјавија дека е почнато сериското производство на „спортската верзија на моторот“ која ќе биде интегрирана во тенкот Т-72Б3.

Прочитајте повеќе: Русија го откри свoјот нов суперзаштитен тенк

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња