Рускиот тенк Т-72Б3 е модел кој се користи во воените натпреварувања. Овие игри првично се одржуваа секое лето.
Евгениј Бијатов/SputnikТенкови, снежна прашина, стрелба, експлозии, пречки... Во Русија почна „Тенковскиот биатлон 2018“. Атмосферата на натпреварувањето сѐ повеќе се загрева. Во тек се квалификациите по кои ќе се знае кои руски екипажи ќе ја претставуваат земјата во втората фаза на натпреварувањето против екипи од други земји.
Во модернизираните тенкови Т-73 (серија Т-72Б3) екипажите преминуваат преку ровови длабоки два метри, минуваат низ огнен ѕид и гаѓаат оклопна техника и хеликоптери на растојание од 2000 метри.
Овие тенкови имаат топови калибар 125 мм од кои истрелуваат противвоздушни и тенковски проектили. За промашување се одземаат бодови. Патеката долга 20 километри е доволна да се покаже кој е најдобар.
Еден дел од натпреварувањето се одвива и надвор од тенкот. Екипажите работат и тешки физички вежби, вклучувајќи склекови и трчање. Вистинско доживување за љубителите на адреналин.
Прочитајте повеќе: Русите поставија рекорд на „Тенковскиот биатлон“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче