Тенковите Т-72Б3 ќе бидат модернизирани

Тенковите Т-72Б3, ќе бидат модернизирани и ќе траат уште барем 10 години, соопшти командантот на Копнените сили на Русија Олег Саљуков.

Тенковите Т-72Б3, ќе бидат модернизирани и ќе траат уште барем 10 години, соопшти командантот на Копнените сили на Русија Олег Саљуков.

„Дојдовме до заклучок дека е неопходно да се модернизираат овие возила. Тие добро се покажаа и во секој случај не заостануваат зад западните модели. Т-72Б3 има голем потенцијал. По модернизацијата тој е предвиден за користење до 2025, а можеби и подолго. Ќе биде унапреден системот за управување со гаѓањето и моторот“, ги цитира „Взгљад„ зборовите на Саљуков.

Според него, брзината на замена на тенковите од семејството Т-72 кои денес се во состав на вооружувањето на руската војска со тенковите на платформата „Армата“ ќе зависат од тоа како ќе помине тестирањето на новите тенкови.

„Треба да се води сметка за парите. Едно е да се направи нешто ново, а сосема друго да се замени испробана техника. Сега сѐ зависи од тоа како „Армата“ ќе ги помине тестирањата“, заклучува Саљуков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња