Овие тенкови за првпат се забележани на просторот на јужна Сирија. Претходно сириските оклопни единици користеа главно модернизирана верзија на тенкот Т-55МБ и различни модификации на тенковите Т-72 кои се разликуваа според степенот на оклопната заштита (основен оклоп + реактивни плочи + импровизација од челични плочи, вреќи со песок и гума).
Првата информација за употребата на најновите модификации на рускиот основен борбен тенк т_72Б3 во сириските оклопни единици се појави во март 2017 година. Овие тенкови во содејство со исто така руските Т-90А учествуваа во операцијата за разбивање на терористички формации на истокот од Сирија, односно за време на ослободување на Палмира и Акербат.
Syrian Arab Army T-72 B-3 MBT at rest near the occupied Syrian Golan Heights southern #Syria#Syrianarmy🇸🇾 pic.twitter.com/bWez3qQ9lr
— Steele M (@SteeleM35085377) 18 July 2018
Тогаш оваа верзија на тенкот за првпат во борбени услови испроба и еден од своите адути во борбата против непријателот. Станува збор за наведувачката ракета која се испукува од топот со кратка цевка 2А46М-5 која ја носи ознаката 9М119 „Рефлекс“ (НАТО AT-11 „Sniper“). За време на операцијата против исламистичките терористи во провинцијата Хама (офанзивата на Акербат), по нив беше дејствувано и со овие ракети кои речиси со 100% успешност уништија голем број непријателски цели. Дејството го изведуваа тенковите Т-72Б3 кој се наоѓа во вооружувањето на елитната сириска бригада на доброволци „Пустински соколи“.
ОБТ Т-72С со фотонапонски соларен панел, Сирија јули/2018
YouTubeНејзината основна намена е ефикасно водење борба против сите видови стационарни и подвижни цели на оддалеченост и до 5.000 метри. Ракетата на целта се наведува со помош на ласерски сноп. Нејзината средна брзина за време на совладувањето на оваа дистанца достигнува околу 300 метри во секунда. Се карактеризира со спирална траекторија на летот. Составена е од тандем-кумулативни воеви глави со маса од 4.5 килограми која може да пробие и до 800 милиметри тенковски оклоп заштитен со елементи за пасивна ракетна заштита.
Танковая управляемая ракета 9М119 "Рефлекс". Фото: Syrian military capabilities pic.twitter.com/ORYoMqxovK
— Komandante (@KomandanteS17) 15 January 2018
За погодокот со оваа ракета да биде стопроцентен, Т-72Б3 е опремен со повеќеканален систем за управување со огнот „Сосна-У“ кој се состои од термовизиска камера од втора генерација, ласерски далномер, посебен канал за наведување на ракетата кој се исфрла од топот, и блок електроника за автоматско следење на зафатената цел. Овој комплекс е способен да открие и да следи цели што се тешковоочливи во услови како што е на пример длабока ноќ или мошне неповолни временски услови предизвикани од ниска облачност и силни врнежи.
Сириското воено искуство доведе до понатамошно унапредување на верзијата Т-72Б3 која сега на единиците на руската армија им се испорачува со зајакнат одечки дел на тенкот и местото каде се наоѓа моторот. Исто така, силата на моторот е зголемена на 1.150 коњски сили со што во голема мера е зголемена неговата страртност и брзинските карактеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче