Народноослободителната војска на Кина го планира изведувањето на првите пробни гаѓања со руските противвоздушни системи С-400 „Триумф“, кои официјално ги прими вчера, за крајот на јули и почетокот на август.
Екипажот на С-400, составен од припадници на Народноослободителната армија на Кина кои поминаа обука во Русија, на кинески полигон ќе изведат гаѓање на цели кои симулираат балистичка ракета, изјави за агенцијата ТАСС извор од воено-дипломатските структури. Од Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија не ја коментираа оваа информација.
Медиумите вчера ја пренесоа информацијата дека на Кина официјално ѝ е испорачан првиот полковски комплет С-40 и дека притоа е потпишана целата потребна документација. Компонентите на системот пристигнаа во Кина по морски пат и со потпишувањето на документацијата станаа нејзина сопственост.
Договорот за испорака на ПВО-ПРО системот „Триумф“ на кинеските вооружени сили е потпишан 2015 година. Противвоздушниот систем со голем и среден дострел С-400 е наменет за пресретнување на сите видови воздушни цели во радиус од 400 километри.
Специфичност на системот претставува можноста за истрелување на различни видови ракети од ист лансер, така што на тој начин може да се воспостави ешалонска противвоздушна одбрана. „Триумф“ може да користи специјализирани ракети за различни видови цели. Кога ќе се приклучат дополнителните модули, зоната на дејство се зголемува на 600 километри.
Во Кина С-400 е прогласен за најдобриот противвоздушен систем на светот По Кина, „Триумф“ од Русија нарачаа Турција и Индија.