При крајот на Виетнамската војна, Американците ги доработиле запленетите модели автоматски пушки Калашников, и за нив разработиле нова муниција. Тие едноствно биле принудени на вакво радикално решение зашто немале доверба во сопственото оружје, односно го презирале од дното на душата, пишува американскиот портал „Вор ис боринг“ („Војната е здодевна“).
„Во првиот бран автоматските пушки Калашников во помал обем се појавиле во Јужен Виетнам, каде ги експлоатирал герилскиот одред Виетконг“ пишува во својата книга „Специјална војна – специјални оружја“, воениот критичар Кевин Докери. Како резултат на нејзината сè помасовна примена, таа (се мисли на АК-47) своја улога нашла во американските единици, пред сè специјалните сили и одреди на поморските диверзанти „Ју-Ес Нејви сил“.
Денес, меѓу воените експерти и историчарите постои општ консензус кога станува збор за употребата на американската автоматска пушка М-16 во Виетнамската војна. Имено, оваа пушка мошне лошо се има покажано во екстремно влажни услови, и во целина било лошо оружје. Често заглавувала за време на борбите, а ракувањето со нејзините први модификации претставувало вистински кошмар за американските војници кои често ги губеле своите глави додека се обидувале да ја оспособат пушката за борба.
Од друга страна, автоматската пушка Калашников била неспоредливо посигурно оружје, кое на сето тоа имало и поголем капацитет на рамката во која можело да собере 30 куршуми.
Освен тоа, во специјалните операции кои главно се изведувале навечер, благодарение на карактеристичниот звук за време на пукањето, како и посебниот вид трасер што ги користела американската пушка, специјалците често ги демаскирале позициите и го привлекувале кон сбе огнот на непријателот.
Американската војска често вршела специјални рации низ виетнамските села во потрага по герилци, но и нивно основно вооружување со цел пронаоѓање евентуални недостатоци на советското огнено оружје и муниција што ги користи АК.
Американците посебно трагале по муницијата која ја користел Ак-47. Со оглед на тоа што американските извидувачко-диверзантски единици користеле главно пешадиско вооружување од советско производство, оваа муниција била скапоцена за изведување специјални операции во Северен Виетнам, но и во Лаос и Камбоџа, каде војската на САД официјално не била вклучена.
Припадниците на американските специјални сили MACV-SOG редовно ги преминувале границите на наброените држави за напади од заседа врз виетнамските конвои, акции за извидување и уништување на непријателската инфраструктура. Овие единици биле составени од избрани командоси од речиси сите постоечки специјални единици во сите три вида американска војска (копно, море и воздух). Го користеле главно советското/руско стрелачко оружје кое наменски било модифицирано (дополнителни нишани, рамки со проширен капацитет и барабани, придушувачи).
Американската команда за специјалните операции често ги користела борците од Јужен Виетнам, Имено, кога ќе се облечат во карактеристична униформа која ја употребувал Виетконг, и на рамото ќе закачат АК-47 тие визуелно не се разликувале од Северновиетнамците.
Наскоро американската команда почна да применува уште поитра тактика. Тие започнаа да вршат технички саботажи над запленетото оружје и муниција од советско потекло. Основната цел на оваа психолошка операција била во свеста на борците од Виетконг (но, и огромен број американски војници и офицери) значајно да ја намалат високата сигурност на системот Калашников која до тогаш владеела.
Едноставно американските генерали на сите начини се обидуваа да ја амортизираат штетата предизвикана од супериорност на АК-47 во однос на М-16. Затоа се обидувале на секаков начин да ја обезвреднат советската автоматска пушка која не само што стекна голема светска популарност, ами дури и се наметнувала како главно оружје во американските единици. Ова имало големи социопсихолошки импликации и во самата американска војска. Тоа отишло толку далеку што дури и посегнувале по строгите забрани за употреба на запленето советско оружје во своите единици.
Секако, сите овие активности имале незначајни ефекти на терен и во ниту еден случај не можеле да направат пресврт во понатамошниот тек и конечниот исход на Виетнамската војна.