Новото оклопно возило „Тајфунче“ (Тайфуненок) кое штотуку влезе во вооружувањето на единиците за специјални намени на Јужниот воен округ учествуваше во воени вежби во кои максимално се симулирани вистински борбени дејства пренесува „Росијскаја газета“.
Како што се наведува, специјалците на ГРУ го испробаа дејството на оклопните возила на терен. Видеото го пласираше службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ.
На снимката се гледа како возилата тешки 14 тони го совладуваат теренот во беспаќе, остри завои и угорнини. Оклопните возила без проблем им одолеваат на експлозиите, а истоварувањето на борците од десантниот отсек на возилото се изведува со молневита брзина.
Новото оклопно возило КамАЗ 53949 „Тајфунче“ беше претставено на 9 мај на Парадата на Победата на Црвениот плоштад. Во внатрешноста на неговото оклопно тело се наоѓаат вкупно десет седишта за екипажот и припадниците на десантните единици, четири седишта (вклучувајќи го седиштето на возачот и командирот) се свртени со лицето нанапред, во правец на движењето на возилото, додека останатите се поставени бочно во задниот десантен отсек.
Оклопното возило има моќна оклопна заштита отпора на куршуми од автоматската пушка „Калашников“, како и од снајперската пушка СВД, а може да издржи и експлозија еквивалентна на шест килограми тротил.
Возилото има мотор со сила од 350 коњски сили. Максималната брзина му е 105 километри на час, а автономијата на движење до 850 километри.
„Тајфунче“ може да се користи за вршење на различни задачи – извидување, санитарна служба и како командно-штапско возило. На оклопното возило може да биде поставен борбен модул БМ-30-Д со автоматски топ калибар 30 мм и со него митралез ПКТМ калибар 7,62 мм.
Пред да влезе во состав на вооружувањето на руската војска „Тајфунче“ беше тестиран во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче