Уште на прв поглед ова оклопно возило плени со неговите релативно компактни димензии. Должината му е 4000 мм, ширината 2100, а висината само 1850 мм. Клиренсот изнесува 350 мм. Масата му е околу 4200 килограми. Може да понесе до 800 килограми товар.
Корпусот на возилото е заштитен со петти степен на оклопна заштита. Благодарение на дизел моторот со моќност од 180 КС, како и на погонот на сите четири тркала, ова оклопно возило на пат може да развие брзина до 130 км на час. Никаков проблем за него не претставуваат ни терените без патишта. Аглите на искачување, спуштање и наклон изнесуваат најмалку 35 степени. Како што веќе беше истакнато, „Ансир“ е во состојба да совладува и водени пречки каде што се однесува како класична амфибија. Во текот на тестирањето во Броници, при форсирање на водена пречка е постигната брзина од 7 километри на час. Еден резервоар е доволен да помине 800 километри.
Возилото може да се опреми со митралез поставен на покривот заштитен со специјални оклопни плочи. Исто така, можно е поставување на противтенковски систем со наведувано ракетно вооружување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче