Годината е 1958, местото на дејство Улјановск, мал град на реката Волга. Локалната фабрика за производство на автомобили го направи првото теренско возило УАЗ-450, кое поради своето издолжено тело и заоблените рабови изгледаше како голема векна. Возилото можеше да прими 14 лица.
TASS
Новото комбе наскоро го доби прекарот буханка, кој ги насмеа и самите дизајнери.
УАЗ
Возилото првично е наменето за советската војска, во рамките на големите подготовки за нуклерна војна која многумина ја сметаа за неизбежна.
Виктор Кошевој / TASS
„Векната“, меѓутоа, се покажа совршена за цивилни цели во отежнатите услови на оддалечените советски региони, затоа што можеше да стигне до подрачја до кои не можеа ниту авионите. „Буханка“ е тестирана во пустини, на мраз и во услови на силни врнежи.
УАЗ
1959 година е потпишан првиот договор за 35 „векни“ кои ќе се користат како амбулантни возила и истите се пратени во Сибир, на крајниот север и во најстудената населба на Земјата – Ојмјакон во Јакутија. Неколку возила се испорачани во Индонезија и Сирија.
Рунов / Sputnik
„Буханка“ се покажа како речиси неуништливо превозно средство. Секој кој барем еднаш патувал во неа знае дека таа излегува на крај со најлошите патишта, иако возењето можеби и не е најудобното. Сепак, ова возило заслужува само почит.
Legion Media
„Буханка“ има своја митологија. Според една легенда, таа може да остане без масло, може да остане дури без квачило, но возилото ќе стигне на целта. Според друга легенда, секој дефект на „векната“ може да се поправи ако ја удрите со чекан или ја опцуете.
Legion Media
„Буханките“ сѐ уште можат да се видат ширум цела Русија, а ги користат полицијата, брзата помош и службите за спасување. Во оддалечените подрачја се користат во земјоделието или како такси возила.
Uaz Italia ASDC
Во Италија овие возила сѐ уште ги превезуваат туристите до Везув и Етна, а Италијанците ги претвораат „буханките“ и во „мобилни викендичи“. Доволно се големи за да соберат туш, ве-це, шпорет, мијалник, мал фрижидер и кауч. Патем, денес оваа советска легенда можете да ја купите за само 100000 - 250000 рубли (1360 -3400 евра).
Nagarazoku
Во Јапонија „буханката“ е уше попопуларна. „Хонда“ го позајми овој концепт за својот камионет Т880. Јапонците признаваат дека „векната“ ги потсетува на нивните автомобили од 1960-те.
УАЗ
2018 година оваа легенда на советско-руската автомобилска индустрија полни 60 години. Со таа цел производителот направи специјална верзија - бело-зелено комбе кое се продава за 757700 рубли (10310 евра) и кое може да се пофали со разни нови делови како предни седишта со греење и нови кваки на вратите.