Основниот борбен тенк Т-90
YoutubeОсновниот борбен тенк Т-90 се стекна со сериозна репутација во сирискиот судир. Каде и да беше употребен, тој беше своевиден гласник на победата. Особено се истакна во борбите за Алепо и околу Палмира. Исто така, и во последната поголема операција на сириската војска при ликвидирањето на големата исламистичка енклава во Источна Гута овој тенк имаше свое учество.
„Тигрите“ со руски тенкови Т-90 во движење кон Растан.
Слободан ЃукиќВо однос на својот претходник (се мисли на основниот борбен тенк Т-72), ОБТ Т-90А има значително посовремен систем за управување со оган – СУО, поквалитетна оклопна заштита засилена со електрооптички комплекс „Штора“, динамични плочи поставени преку основниот повеќеслоен оклоп – „Контакт-5“ , како и модернизиран топ со калибар 125 мм кој во комбинација со СУО обезбедува значително подобри резултати кога е во прашање прецизноста на огнот. Благодарение на тоа, овој тенк може од движење, без оглед на периодот од денот (ден/ноќ) да уништи непријателски точкести цели на далечини и до 5000 метри, со употреба на ласерски наведувани ракети 9К119М „Инвар-М“ кои се истрелуваат од топот.
Сириските тенковски екипажи со висока оцена ја завршија обуката за овој тенк и својата оспособеност ја потврдија во пракса. Руските специјалисти кои се наоѓаат на терен детално ги следат и бележат сите искуства кои овој тенк ги прикажува во реални борбени услови. Овие податоци ќе се употребат за понатамошна модернизација на фамилијата тенкови Т-90, но и за понатамошни унапредување на работата над перспективниот проект на рускиот тенк од четврта генерација Т-14 „Армата“.
Т-90М „Прорив-3“
YoutubeНајновата длабока модернизација на тенкот Т-90М „Прорив-3“, претставува токму концентрација на насобраните борбени искуства од Сирија. Благодарение на тоа, оваа верзија на тенкот се котира високо кога станува збор за неговиот вкупен квалитет, при што се смета за еден од најдобрите тенкови на денешницата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче