ОБТ Т-72С со фото-напонски соларен панел, Сирија јули/2018
YouTubeСириската арапска армија од ден на ден сѐ повеќе напредува во правец на Голанската висорамнина со што практично целата територија на оваа земја која се граничи со Јордан ќе биде под цврста контрола на Дамаск.
Во најновата операција учествува и веќе легендарната дивизија „Тигар“, која заедно со останатите сириски единици кои доаѓаат од редовите на Републиканската гарда и доброволечките одреди, успешно напредуваат на сите правци. Се разбира, овие единици во најголема мера користат советска/руска воена техника.
Меѓутоа, она што е особено интересно е кадарот кој трае неколку секунди во тој филм, а на кој се гледа основниот борбен тенк Т-72С кој на својата купола очигледно има соларен фото-напонски панел.
Не се знае точно колку ова средство е ефикасно/силно за напојување на електронските компоненти во овој тенк и за што конкретно служи, но очигледно е дека има своја намена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче