Сириската арапска армија од ден на ден сѐ повеќе напредува во правец на Голанската висорамнина со што практично целата територија на оваа земја која се граничи со Јордан ќе биде под цврста контрола на Дамаск.
Во најновата операција учествува и веќе легендарната дивизија „Тигар“, која заедно со останатите сириски единици кои доаѓаат од редовите на Републиканската гарда и доброволечките одреди, успешно напредуваат на сите правци. Се разбира, овие единици во најголема мера користат советска/руска воена техника.
Меѓутоа, она што е особено интересно е кадарот кој трае неколку секунди во тој филм, а на кој се гледа основниот борбен тенк Т-72С кој на својата купола очигледно има соларен фото-напонски панел.
Не се знае точно колку ова средство е ефикасно/силно за напојување на електронските компоненти во овој тенк и за што конкретно служи, но очигледно е дека има своја намена.