Русија може да ги затвори сите свои поморски граници со хиперсоничните ракети „Кинжал“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Околу сто суперсонични ловци-пресретнувачи МиГ-31К се доволни за да се заштитат сите поморски граници на Русија од поморските сили на потенцијалниот противник, изјави за РИА „Новости“ воениот експерт Алексеј Леонков. 

„Се работи за 100 авиони МиГ вооружени со хиперсоничниот ракетен комплекс од класата „воздух-вода“ „Кинжал“, а тоа е доволно да се затворат сите наши поморски граници“, вели експертот.

Леонков додава дека десет авиони МиГ-31К можат да ја засилат Балтичката флота, а исто толку авиони денес дежураат во правец на Црното море. Меѓутоа, за да се затворат границите на Северниот и на Тихиот океан се потребни околу 3-4 пати повеќе авиони.

Ракетни комплекси „Кинжал“ ќе носат и бомбардерите Ту-22М3, потсетува Леонков, меѓутоа тие авиони се за оперативна, а не брза реакција и затоа се подалеку од поморските граници.

Авионите Ту-22М3 со „Кинжали” ќе можат ефикасно да се борат против носачите на авиони на потенцијалниот противник. Бомбардерот ќе носи четири „Кинжали”, а тоа ќе му овозможи значително да ја зголеми веројатноста за погодување важни цели заштитени со современи системи за ПВО-ПРО.

Прочитајте повеќе: Американски медиуми: Русите тестираа уште една ракета „Кинжал“ која погоди мета на 800 км