Бомбардерот Ту-22М3 ќе ги добие најновите хиперсонични ракети „Кинжал”, изјави за РИА „Новости” извор од руската воена индустрија.
„Ту-22М3, со чија помош ќе бидат тестирани „Кинжалите“, ќе може да носи до четири вакви ракети”, истакна соговорникот на агенцијата.
Во моментов вакви ракети носат ловците МиГ-31К (по еден ракетен систем на летало), кои имаат помал долет во споредба со стратешките бомбардери.
Како што истакна членот на стручниот совет на колегиумот за руската воена индустрија Виктор Мураховски, за адаптација на бомбардерот Ту-22М3 за овој број на „Кинжали” на леталото му е потребна модернизација.
„Ќе биде потребна сериозна модернизација во сегментот на радиоелектронската опрема, како и зајакнување на надворешните носачи на кои новите ракети би можеле да бидат поставени. Овие прилагодувања, очигледно, ќе се реализираат во текот на тестирањата“, изјави тој.
Според него, Ту-22М3 со „Кинжали” ќе може ефикасно да се бори против носачи на авиони на потенцијалниот противник. Мураховски додаде дека четири „Кинжали” ќе му овозможат на бомбардерот значително да ја унапреди веројатноста на погодување на важни цели кои се заштитени со современи системи за ПВО-ПРО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче