АвтоВАЗ го претстави обновениот седан Lada Granta

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ објави фотографии од обновениот седан Lada Granta кој ќе ја има официјалната премиера кон крајот на август на Московскиот меѓународен саем на автомобили.

Новиот седан Lada Granta го одликува потполно преработениот преден дел на каросеријата кој рефлектира припадност на автомобилите од марката „Лада“ од новата генерација, кај кои предните светла се на темна сјајна позадина и органски се вклопени со маската на ладилникот, а ИКС обликот е истакнат со хромираните додатоци во форма на бумеранг.

Дизајнерите решија да го зголемат логотипот LADA кој се наоѓа на капакот на багажникот и во ретровизорите да ги интегрираат трепкачите, додека фелните ги краси оригиналниот изглед. Според потпретседателот на компанијата за продажба и маркетинг Јан Птачек, новата генерација Lada Granta во овој момент е еден од лидерите на пазарот, несомнено способна да го зајакне имиџот на марката.

Прочитајте повеќе: Обновениот теренец „Лада Нива” 4x4 ќе може да користи бензин од 92 октани