Новиот руски стратешки бомбардер ќе користи стелт технологија

Министерство за одбрана на РФ

Рускиот стратешки бомбардер од нова генерација ПАК ДА (напреден авијациски комплекс со голем долет), кој е во фаза на проектирање, ќе користи стелт технологија, соопшти заменик-министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко.

Тој исто така даде оцена за производствените капацитети на казањскиот авиозавод „Горбунов”, каде што е планирано производството на овој нов модел на борбен авион.

„Го проверивме текот на работите над приоритетната задача на авиозаводот: производството на авионот Ту-160М. Работите течат според планот, во некои фази со мало задоцнување, додека некои сегменти на работата се завршени пред рокот“, соопштио рускиот заменик-министер за одбрана по посетата на фабриката.

Авиозаводот „Горбунов” врши ремонт и модернизација на авионите Ту-22М3 и Ту-160 кои се однесуваат на унапредувањето на нивната радиоелектронска опрема, системите за управување со вооружувањето, системот за одржување на виталните функции на екипажот, како и на работите за продолжување на рокот за нивно користење.

Една од клучните задачи на заводот е прашањето на производството на авионот Ту-160 во унапредена форма. Сериското производство на модернизирани стратешки бомбардери Ту-160М2 е планирано за 2020-2021 година. Руското Министерство за одбрана планира набавка на околу 50 вакви летала.

Прочитајте повеќе: Американците го оценија Ту-160М2 како „супербомбардер“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња