АвтоВАЗ го претстави новиот спортски модел Lada Vesta Sport

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Официјалната премиера на спортскиот модел на Lada Vesta е планирана за крајот на август. АвтоВАЗ засега објави фотографии од новиот автомобил.

Новиот автомобил однадвор потсетува на концептуалното возило Vesta Sport Concept кое првпат беше претставено 2016 година, соопшти прес-службата на АвтоВАЗ.

Специфичностите на моделот Lada Vesta Sport се оригиналниот преден браник, предните крила со проширен лак над тркалата, аеродинамичните додатоци на прагот на автомобилот и друго. Се наведува дека заради „спортско однесување на автомобило на пат неговиот клиренс е намален за 16 милиметри”. 

Прочитајте повеќе: Обновениот теренец „Лада Нива” 4x4 ќе може да користи бензин од 92 октани