Улјановскиот автомобилски завод (УАЗ) ја продолжува работата над моделот УАЗ-3170. Според најновите информации, автомобилот ќе се појави на пазарот во 2022 година.
Новиот УАЗ-3170 е возило со носечка каросерија и независен систем за потпирање на секое тркало. Шасијата на кросоверот ќе биде компатибилна со платформата на проектот „Единствена модуларна платформа”. Во процесот на конструирање на автомобилот учествуваат и стручњаци од рускиот Државен научен центар ФГУП НАМИ, објавува порталот RCI News.
Според првичните податоци, моделот ќе биде долг 4,6 метри, меѓуосовинското растојание ќе му биде 2,85 метри, а клиренсот преку 20 см. Се претпоставува дека според употребливоста и големината новиот модел ќе може да се споредува со кросоверите „Тојота“ РАВ4, „Нисан Кашкаи“ и „Киа Спортаж“.
Се очекува возилото да има два бензински мотори: атмосферски мотор од 2,5 литри со 145 коњски сили и турбо-мотор од 2,3 литри со две варијанти на моќност (150 и 170 коњски сили). Двата мотора ќе бидат изработен врз база на постојниот ЗМЗ-406, кој е унапреден во соработка со една странска компанија.
Работата над новиот модел УАЗ-3170 почна уште на крајот на 2014 година и требаше да биде завршена во мај 2017 година. Почетокот на производството беше планиран за вториот квартал на 2020 година. Меѓутоа, во 2017 година проектот беше запрен за да се концентрираат силите на изработката на универзалната товарно-патничка платформа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче