Почна тестирањето на новиот брод на „тајната морнарица” на Русија

Министерство за одбрана на РФ

На езерото Ладога во близина на Санкт Петербург почна тестирањето на најновиот руски експериментален брод „Ладога”, изграден за потребите на Воената морнарица на Русија. Потоа бродот ќе биде упатен на понатамошни тестирања на море во Финскиот залив.

„Бродот е изграден во санктпетербуршкото бродоградилиште „Пела“ и е наменет за тестирање на различни технички средства, учество во спасувачки, научноистражувачки и океанографски операции”, соопшти службата на Министерството за одбрана на Русија.

Меѓутоа, западните аналитичари го вбројуваат „Ладога“ во таканаречената „тајна морнарица“ на Русија, која може да биде користена за техничко одржување на длабоководна воена техника, вклучувајќи систем за детектирање на подморници и уништување на подводни комуникациски кабли.

При тестирањето екипажот на бродот и претставници на бродоградилиштето во реални услови на пловидба ќе ги проверат функционирањето на сигурноста на погонските, навигациските и другите системи. Ќе бидат проверени и карактеристиките на бродот „Ладога” кои се однесуваат на пловидбата, неговите маневарски способности, стабилноста, брзината и инерцијата во различни режими на пловидба.

„Ладога” е долг 63 метри, широк 10 метри, со максимален газ од 3,8 метри и брзина до 12 јазли. Со полн резервоар може да прејде илјада морски милји, а неговата автономна пловидба со сопствени залихи може да трае најмногу 20 дена. Екипажот го сочинуваат 16 морнари, а во состав на експедицијата влегуваат 20 лица.

Главниот брод на овој проеект 11982 „Селигер”, направен по налог на  Главната управа за длабоководни истражувања (во западните медиуми опишана како „тајната морнарица на Русија”), од декември 2012 година се наоѓа во состав на Црноморската флота.

Прочитајте повеќе: НАТО доби совет да се чува од „тајната морнарица” на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња