Големиот десантен брод „Иван Грен“.
mil.ruПретходно официјален претставник на компанијата „Обединета бродоградежна корпорација“ (Объединённая судостроительная корпорация) изјави за РИА „Новости“ дека Северното проектантско-конструкторско биро работи на нов десантен брод чиј депласман ќе биде 8000 тони.
„Се разбира, тоа не е руска верзија на „Мистрал“ (носачите на хеликоптери кои Франција ги направи, но не ѝ ги испорача на Русија поради санкциите) што се гледа и по далеку помалиот депласман. Овој проект е своевиден компромис кој ѝ одговара на нашата морнарица. Таков брод е полесно да се направи и е многу поевтин. Покрај тоа, нашето воено раководство поради санкциите се ориентира исклучително на компоненти од домашно производство“, рече Мураховски.
Експертот објасни дека по своите карактеристики и функционалноста новиот проект ќе биде поблизок до универзален десантен брод со кој војската може да се десантира со помош на чамци и хеликоптери. Покрај тоа, овој брод ќе има проширени можности за управување со група бродови и десантираните единици на копно.
Зборувајќи за задачата што ќе ја извршува новиот десантен брод, соговорникот на РИА „Новости“ претпостави дека тие бродови ќе ги обезбедуваат подрачјата на Курилските острови и Калининград. Покрај тоа, тие можат да станат дел од групата бродови на Воената морнарица на Русија кои дежураат во Средоземното море. Мураховски истакна дека со таа цел е неопходно да се направи серија од 5-6 такви бродови.
„Имаме островски зони (Курилските острови), а покрај тоа треба да се осигура воената безбедност на Калининградската област, нашата енклава. Исто така постои потреба да се поддржи нашата ескадра во источниот дел на Средоземното море кој дежура таму во врска со операцијата во Сирија. За да се исполнат тие цели потребно е за секој од овие правци да се обезбедат барем по два такви брода“, смета Мураховски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче