Воени тримарани: перспективна разработка за ВМФ на Русија

ТВ „Звезда“
На Воено-морскиот салон во Санкт Петербург 2015 беше претставен иновацискиот корвета-тримаран Русич-2400. Засега бродот постои само како макета, но неговите конструктори се уверени дека тримаранот има голема иднина, а уникатната корвета нема да им служи само на војниците, туку и на спасувачките служби, како и на претпријатијата за нафта и гас и за заштита на природната средина.

„... Американците веќе градат воени бродови од ваков вид, ги имаат градено и Британците, па дури и Кинезите ги имаат во своето вооружување. Кај нас воената примена на тримараните е во стадиум на разгледување. ... Нашето претпријатие, Зеленодољското проектантско и конструкторско биро, продолжува да развива верзија на воени тримарани, а веќе имаме готови 20 проекти...’, вели за телевизискиот канал Звезда главниот конструктор на повеќекорпусни пловила и бродови на Зеленодољското проектантско и конструкторско биро, доктор на технички науки Станислав Руденко.

Перспективен „модел“

„Основата на иновациската конструкција на нашиот тримаран е во тоа што целиот енергетски уред на бродот е изнесена од главниот корпус и се наоѓа во страничните делови на пловилото, кои поради својата необична форма се наречени аутригери. И според формата, и според големината тие принципиелно се разликуваат од страничните корпуси на традиционалните тримарани“, вели Руденко.

Тримаранот претставува брод со три меѓусебно спорени корпуси. Тој има зголемена отпорност и добри пловни карактеристики. Еднокорпусните пловила заостануваат зад тримараните според пловноста, безопасноста, вместливоста и вооруженоста. Тримараните за првпат се појавија во СССР. Пронајдокот беше патентиран и на негова основа постоеја низа концепции за создавање воени бродови.

 

Тестирањето на голем број модели покажа дека во однос на еднокорпусните бродови, при нишање од 6 степени, амплитудата на нишањето во бродот се намалува за 5 до 6 пати, а вертикалната преоптовареност за 2.5 до 3 пати. Според авторите на проектот на воениот тримаран, новиот брод според квалитетот се издигнува на сосема ново ниво.

„Ослободувањето на корпусот на пловилото од енергетскиот уред предизвикува верижна реакција на важни позитивни последици. Бродот може да прими 1.5 до 2 пати повеќе полезен товар (вооружување) без да се зголемат неговите размери“, вели главниот конструктор.

Корвета Русич-1500

Најсовремен од дваесетината авионски проекти на Зеленодољското проектантско и конструкторско биро е корветата Русич-1500. Овој брод е наменет за водење борба со надводен, со подводен и со воздушен противник во крајбрежните и во океанските зони, поставување мински полиња, радиоразузнавање, извршување спасувачки операции.

За тоа со какво вооружување и какви можности поседува овој борбен тримаран, за телевизиската станица Звезда зборува главниот конструктор на проектите на Зеленодољското проектантско и конструкторско биро Алексеј Харитонов: Минатата година беше направен и тестиран голем самоодечки модел со маса од 3.7 тони и со должина од 12 метри. Во споредба со еднокорпусните модели, тој покажа прекрасни резултати. Доколку тие се проектираат на целосен брод, тогаш ќе можеме ефикасно да применуваме оружје и вооружување при бранување на морето до шест степени, а тоа е едно од уникатните средства на нашата корвета“.

Корветата Русич-2400 има два хангари за хеликоптери Ка-28 (Ка-31), ударно ракетно оружје од типот Club, ЗРК од типот Редут, артилериски оружје со калибар од 130 милиметри, моќно противбродско и хидроакустично вооружување, минско оружје. Бродот може да биде опремен со 4 БПЛА.

Перспективи на Тримараните

Во 2011 година на тримараните им беше дадена позитивна оценка и беше увидена нивната перспективност како воен брод во рамките на корвети за обезбедување на водната површина.

Сепак по три години командата на Воено-морската флота на Русија се откажа од концепцијата на обезбедување со корвети и се сврте кон идејата за создавање патролни бродови – помалку вооружени, но кои имаат голема автономија и универзалност, меѓу кои и самостојно одење во далечни експедиции.

Оваа одлука влијаеше на судбината на рускиот воен тримаран. Но, изјавата на конструкторите на Зеленодољското проектантско и конструкторско биро и потврдата од многубројните тестирања на квалитетот на тримараните даваат надеж дека домашната иновациска разработка ќе биде вклучена во списокот на експериментално-конструкторските работи.

Скратена верзија, за оригиналот во целосна верзија одете на линкот

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња