Обновениот теренец „Лада Нива” 4x4 ќе може да користи бензин од 92 октани

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Според декларацијата на најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ која штотуку се појави во базата на „Росстандард“, моторот на новиот теренец LADA 4x4 официјално ќе може да користи бензин од 92 октани (претходно минимумот беше 95 октани), што е мошне актуелно, имајќи ги предвид моменталните цени на бензинот.

Покрај тоа, верзијата со пет врати ќе може да влече приколка со маса до 300 килограми без систем за сопирање и до 600 килограми (со сопирачки). Познавачите на приликите во автомобилската индустрија очекуваат обновената „Нива“ да биде претставена кон крајот на наредниот месец на Меѓународниот саем на автомобили во Москва. АвтоВАЗ за таа пригода најавува премиери на „Лада Гранта” во верзии на седан, хечбек, лифтбек, караван и кросовер.

Ќе биде претставена и теренска верзија на моделот Lada Xray, чии фотографии од тестирањето, како и на обновената „Гранта“, веќе се појавуваа. Според пишувањето на медиумите, „Лада Нива” 4x4 од следната генерација ќе премине на нова модуларна платформа на алијансата Рено-Нисан која ќе се користи и во производството на новиот „Дастер“. Според првичните информации, новата „Нива“ ќе се појави 2021-2022 година.

Погледнете како ќе изгледа новата LADA Niva 4x4 NG