Москва прва на европската ранг-листа на дигитални иновации

Getty Images
Глобалниот институт „Мекинси” (MGI) рангираше 50 „паметни” градови врз основа на најновите урбани технологии кои се достапни за граѓаните. Москва ја зазеде првата позиција во Европа.

Според новата студија на Глобалниот инситут „Мекинси” под називот „Паметни градови: дигитални решенија за подобра иднина“, во рускиот главен град граѓаните имаат можност да користат дигитални услуги повеќе од каде било во Европа.

Москва според оваа студија исто така го зазеде второто место, веднаш зад Лондон, како град со голем број мобилни апликации за градските услуги кои ги обезбедуваат локалните власти, вклучувајќи каршеринг, бајкшеринг, апликации за паркирање итн.

Истражувањето покажува колку граѓаните се информирани за овие апликации, како ги користат и колку се задоволни од нив. Дигиталните услуги се поделени во различни категории како економски развој, домаќинство, работа, здравство, мобилност, безбедност и комунални услуги.

Москва за зазеде првата позиција во вкупното рангирање со 16,8 бодови. По неа следат Париз со 16,6 бодови, Виена со 15,7 и Хелсинки со 15,3 бодови.

„Москва вкупно овозможува преку 222 дигитални сервиси за компјутери и мобилни телефони”, соопшти московската управа. „Граѓаните на Москва можат да користат свои лични профили на градскиот веб-сајт MOS.RU и така да пристапат до сите градски сервиси“. Во 2017 година преку сајтот се примени повеќе од 259 милиони барања, а 75% од Московјаните ги користат дигиталните услуги на MOS.RU.

Најпопуларни дигитални сервиси меѓу Московјаните се: електронскиот дневник (услуга која на родителите им овозможува да ги видат оцените на своите деца во училиште), комуналните услуги, сервисот за плаќање сообраќајни казни, сервисот за закажување прегледи на лекар и др.

„Дигиталната писменост на нашите граѓани се постигнува преку достапноста до технологиите во Москва“, вели Андреј Белозјоров, советник за стратегии и иновации на началникот за дигитални  технологии на градот Москва. Тој додава дека 72% од граѓаните на Москва користат паметни телефони, а 99% имаат пристап до интернет, што е еден од највисоките показатели во Европа. „Секој граѓанин може да биде во мрежата на секое место: во градски парк, училиште, болница или јавниот сообраќај“.

Студијата на институтот „Мекинси” покажува дека, меѓу другите позитивни ефекти, градските паметни технологии можат да го „намалат бројот на смртни случаи за 8-10%, забрзаат реагирањето во вонредни ситуации за 20-35%, скратат просечното траење на користењето на јавениот сообраќај за 15-20% и да ја намалат емисијата на штетни гасови за 10-15%.

Прочитајте повеќе: Smart Moscow: како технологиите ја сменија престолнината?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња