Новиот трамвај „Витјаз-М“ поминува по Големиот Устински мост во Москва.04/15/2017
Евгенија Новоженина / РИА НовостиКирил Зиков / Moskva Agency
Ниту еден московјанин веќе не може да го замисли животот во градот без да може да се приклучи на Интернет преку Wi-Fi во метрото. Ваквата можност жителите на Москва ја имаат од 2013 година, а сега безжичната мрежа во подземната железница е соединета со онаа од надземниот градски транспорт. Тоа им овозможува на корисниците да не се регистрираат на Интернет двапати (во Русија е потребна регистрација на Wi-Fi мрежите). Безжична конекција има во 24 парка на Москва, меѓу кои се и ВДНХ, Горки, Паркот на Победата, Московската зоолошка и Царицино
Николај Галкин/ ТАСС
Со помош на мобилната апликација „Метрото на Москва“ (Метро Москвы) на руски и на англиски јазик може да се состави маршрутата со сите видови градски транспорт (Московскиот централен прстен (МЦК) - надземно железничко метро, копнен транспорт, приградски возови, вклучувајќи го и Аероекспрес, кој превезува патници до московските аеродроми) и да се пресмета цената на едно патување, што е многу погодно за туристите. Освен тоа апликацијата овозможува да ја надополните сметката на транспортниот билет „Тројка“, може да се следи историјата на плаќањата, да се погледне картата на паркинзите во близина на големите транспортни јазли (обично до метро-станица) и да се провери бројот на слободни места. На апликацијата туристите можат да најдат информации за културните објекти на Москва и да направат пат кон нив.
Андреј Љубимов / Moskva Agency
Сопствениците на смартфони сега можат не само да се ориентираат слободно во транспортот, ами и да плаќаат билети со помош на системите Samsung Pay и Apple Pay. Оваа функција од крајот на 2016 година е достапна на сите станици на МЦК и на 80 метро-станици. Во иднина се планира рампи за плаќање на билетите преку мобилен телефон да се појават на секоја станица на московското метро.
Вјачеслав Прокофјев / ТАСС
Ако во средината на денот неочекувано се испразни батеријата на вашиот омилен смартфон, на 27 метро-станици и на 16 станици на МЦК има специјални држачи за полнење на мобилни телефони. USB-приклучоци има и во вагоните од новата генерација „Москва“. Ваков воз веќе се појави на Таганско-Краснопресненската линија на метрото. Планирано е новата серија електробуси (датумот на пуштање во Москва сè уште не е познат) исто така да бидат опремени со USB-приклучоци за полнење уреди.
Сергеј Карпов / ТАСС
Кон крајот на 2016 година во центарот на Москва и на главните градски автопати (Каширскиот, Волоколамскиот, Варшавскиот, Рјазанскиот и на Ленинската авенија) се појавија постојки, на кои времето додека чекате превоз, поминува незабележително. „Паметните“ постојки се опремени со USB-приклучоци за полнење на телефони и таблети, Wi-Fi точки за пристап на Интернет, електронски табли со распоред, копчиња за тревога и сензорни екрани со референтни информации. На менито на екранот чувствителен на допир можат да се најдат податоци за блиските ресторани, кафулиња, барови; освен тоа, екранот ги покажува телефонските броеви на итните служби. Самите постојки се направени од калено стакло кое ги штити патниците од ветар; на покривот е вградено осветлување, а во близина се наоѓаат автомати за купување билети.
Артјом Геодаќан / ТАСС
Во Русија сè популарен станува краткорочното изнајмување на автомобили. Во Москва веќе има 5 компании кои нудат вакви услуги – Anytime, YouDrive, Делимобил,BelkaCar и Car5. За да земете рентакар, прво мора да ја инсталирате апликација за каршеринг на својот смартфон со оперативен систем Android или IOS, да направите слики на пасошот и возачката дозвола, кои ќе ги испратите на апликацијата, и да регистрирате банкарска картичка. Обично проверката на податоците на корисникот одзема не повеќе од 2 часа. Потоа со помош на апликацијата корисникот може да го резервира најблиското возило до него, да наполни бензин за сметка на компанијата, зашто автомобилот може да се остави на секој, дури и на платен паркинг во Москва. Кон 2018 година каршерингот Делимобил планира да пушти во експлоатација еколошки електроавтомобили.
Кирил Калиников / РИА Новости
Од 2012 година московските паркови се осветлени со ламби со погон од соларни батерии. Поточно со светлосни панели, кои за полнење не бараат силно сонце – сосема е доволна обична дневна светлина. Со користење на сончевата енергија се одржува и Интернетот во паркот Измајлово - пет светлосни панели со висина од 1.5 метар обезбедуваат напојување на Wi-Fi рутерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче