Скапоцени информации: Како ги следат Русите на интернет?

Getty Images
Социјалните месеци не ги собираат само нашите приватни податоци, туку се борат и за правото да ги поседуваат. „ВКонтакте“, рускиот конкурент на „Фејсбук“, ја тужеше московската компанија Double Data поради анализирање на корисничките профили заради процена на нивниот кредибилитет.

Социјалните мрежи и интернет гигантите прибираат податоци за своите корисници, вклучувајќи го нивниот интерес, извршените купувања, историјата на пребарувањата и локациите. Според податоците на проектот Princeton Web Transparency & Accountability, 76% од интернет-страниците во моментов содржат скриени „Гугл“ локатори, а 24% имаат скриени „Фејсбук“ локатори.

Благодарение на таа огромна количина на приватни информации, тие можат да понудат поефикасно целно огласување. Како резултат на тоа, тие денес сочинуваат 63 % од вкупното дигитално огласување, што претставува околу 74% од пазарниот раст во 2017 година. Меѓутоа, тие не се единствените кои се обидуваат да профитираат за сметка на нашите лични податоци. Да речеме, сингапурската Leddo ги истражува профилите на купувачите на социјалните мрежи и нивното однесување на интернет за да обезбедат кредитно бодирање.

Повеќето од компаниите кои ги прибираат вашите приватни информации на интернет можат да пристапат само до она што јавно ќе го споделите, но не и она што го споделувате со вашите пријатели. Меѓутоа, московската Double Data е во неволја затоа што анализирала профили на социјалната мрежа „ВКонтакте“ заради процена на финансискиот кредибилитет на корисниците. Компанијата им ги продавала информациите на финансиските институции.

„ВКонтакте“ ја тужеше Double Data, барајќи да престане со неовластеното прибирање податоци и бараше симболична компензација во износ од 1 рубља или 0,017 долари. Судот кон крајот на јануари пресуди во полза на социјалната мрежа „ВКонтакте“, меѓутоа, Double Data планира да се жали.

„Дефинитивно ќе се жалиме на оваа одлука која ја ограничува слободата на пребарувањето и пристапот до јавни информации на интернет“, изјави Максим Гинжук, прв човек на компанијата Double Data. „Податоците им припаѓаат на корисниците и само корисниците можат да одлучуваат за нив. Ако податоците се достапни на интернет, тогаш можат и да се користат.

Гинжук додаде дека Mail.Ru, главниот акционер на социјалната мрежа „ВКонтакте“, вложува во сопствени производи кои на руските банки ќе им овозможат анализа на податоци и пристап до ризик.

Во 2017 година стартапот HiQ Labs од Сан Франциско, кој користи алгоритми за прогнозирање на однесувањето на вработените (на пример, дали некој би можел да си даде отказ), победи во правната битка против LinkedIn кога американски федерален судија пресуди дека социјалната мрежа не може да го спречува стартапот да им пристапува на јавните податоци. Судот му наложи на LinkedIn во рок од 24 часа да ја отстрани сета технологија која го спречува стартапот HiQ да пристапи до јавни профили.

Прочитајте повеќе: Русија ќе им плати на хакери за да ја тестира својата сајбер безбедност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња