Москва со 5G мрежа до 2020 година

AP
Градското собрание на Москва разговараше со мобилните оператори за создавање конзорциум за развој на комуникациски мрежи од петтата генерација 5G, соопшти весникот „Комерсант“ на 7 април. Властите сакаат проектот да биде инвестициски привлечен за операторите и затоа создаде конзорциум. Се очекува 5G стандардот да се појави во светот во 2020 година.

Московскиот телекомуникациски пазар е распределен меѓу четири големи компании, од кои три се руските оператори „Мегафон“, „Вимпелком“ и „МТС“, како и европскиот Tele2, кој се појави во главниот град во 2015 година На прашањето на „Руска реч на македонски“ во врска со конзорциумот за покриеноста на 5G, претставниците на „Мегафон“ и „Теле2“ (Tele2) реагираа оптимистички. Претставниците на „Вимпелком“ и на „МТС“ не коментираа на темата.

„Конзорциумот може да ги постават темелите за заеднички развој на оваа технологија од сите оператори“, смета Константин Прокошин, директор на одделот за стратешки комуникации во „Теле2“.

Поддршката од властите е важна за мобилните оператори, бидејќи прашањата за локацијата на опремата и за напојувањето често можат да се решаваат заеднички, потврдува и Јулија Дорохина, шеф на прес-службата на „Мегафон“.

Светското во фудбал во 2018 и конкуренцијата со Лондон

„Сити оф Лондон“ (City of London Corp.), која на општинско ниво управува со финансискиот центар на Лондон, ги објави плановите да премине на 5G стандард веднаш откако тој ќе стане достапен, пренесува „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times). Компанијата веќе има склучено повеќемилионски договор за надградба на безжичен Интернет со фирма „Корнерстоун“ (Cornerstone), сопственост на операторите „Водафон“ (Vodafone) и O2.

Светските метрополи ќе се натпреваруваат за лаворовиот венец при преминот кон 5G, смета Константин Прокошин. Темпото на имплементација на нови технологии овозможуваат да се претпостави дека Москва навистина може да стане еден од лидерите при имплементација на 5G, уверен е тој. „Мобилниот пазар на Москва е еден од најразвиените во светот, тој се одликува со ниска средна вредност на услугите и висок квалитет“, додава експертот.

Компанијата „Мегафон“ планира во текот на Светското првенство во фудбал во 2018 година да организира во Москва и Санкт Петербург тест зони со 5G мрежа, соопшти Јулија Дорохина. „Меѓу главните предности на новата мрежа е огромниот капацитет. Клиентот добива висок квалитет на врската во места со големи маси луѓе - станува збор за стадиони, железничките станици, метеж“, коментира таа.

Што знаеме за 5G во моментов

Конкретните спецификации на 5G сè уште се развиваат, а една од нив Алијансата на меѓународните мобилни комуникации (Next Generation Mobile Networks) ја означи брзината од 100 мегабити во секунда за жителите на големите градови.

„Засега се изведени некои несистематизирани истражувачки експерименти. Што точно ќе ни даде петтата генерација сè уште не е јасно“, коментира Владимир Коровкин, раководител на насоката „Иновации и дигитални технологии“ на Московската школа за менаџмент „Сколково“.

Според него, развивачите на 5G се фокусираат главно не врз зголемувањето на пропусната способност на каналот, ами на обезбедување гарантиран брз сигнал и густина на покриеноста на територијата. „Овие две својства се важни за употребата на мрежите М2М (машина за машина) и имплементирање на Интернет стварите“, дополнува Коровкин.

Едно од најважните прашања е кој ќе ја произведува техничката опрема и како ќе биде обезбедена компатибилноста со меѓународните мрежи. За прв пат активна улога во креирањето на новиот стандард земаат и кинески компании, особено „Хуавеј“ (Huawei), забележува Коровкин. На пример, компанијата „Мегафон“ веќе спровела успешни тестови со мобилен пренос на податоци со брзина од 1 Gbps со користење на опрема од компанијата Huawei и 5 Gbps во текот на тестовите со мрежна опрема од финската компанија „Нокиа“ (Nokia), објави Дорохина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња