Овие лесни оклопни возила ќе ја засилат руската одбрана

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Кога овие брзи и бесни возила ќе го поминат военото тестирање, ќе бидат воведени во редовите на единиците за патролирање на руските студени северни граници.

Војската на Русија во моментов тестира нови лесни оклопни возила кои се дизајнирани да служат во студентите северни делови и на Блискиот Исток. Russia Beyond-Македонија ви претставува две вакви борбени возила наменети за подобра одбрана на земјата.

Двотонско арктичко гранично чудовиште

Руските арктички единици го тестираат возилото наречено „Кречет“ за гранични патроли и извидувачки мисии. Овие машини беа специјално создадени за тешките услови на северот од земјата.

„Возилата се лесни и можат да покријат до 2.000 километри само со еден резервоар гориво. Овој модел може да се вози низ три метри високи снежни блокови со 50 километри на час. Доколку инженерите инсталираат дополнителен оклоп и го поминат тестирањето на Министерството за одбрана, ќе можеме да го видиме во нашата Арктичка заедничка стратешка команда за неколку години“, изјави за Russia Beyond-Македонија Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар во весникот „Известија“.

Камионот со шест тркала може да превезува 10 целосно вооружени војници, додаде експертот. Сепак, возилото не може да се дополни со тешки артилериски или автоматски пушки.

„Ако се инсталираат тешки системи, Кречет ќе ја изгуби брзината и маневрирањето“, вели Сафонов.

Тигри на руската армија

Стотици оклопни возила „Тигар“ наскоро ќе бидат додадени во воените редови. Едно вакво возило издржа директен удар од проектил во Сирија, зачувувајќи го животот на војникот внатре. Овие машини, исто така, имаат шасија со облик V за заштита од мини бомби покрај патот.

„Овие возила, исто така, можат да дејствуваат како стационарни беспилотни бедеми поради „арбалет“ модулот кој го има на себе. Така, екипажот може да го стави возилото на позиција, а потоа да се скрие под недалеку и да го искористи за да ги елиминира непријателските цели со системот за далечинско управување“, изјави за РИА Новости, Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.

Во моментот, инженерите експериментираат со инсталирање на различни видови ново оружје на овие возила, вклучувајќи 100-милиметарски пиштоли. Цивилна верзија на Тигар, исто така, постои, всушност, министерот за одбрана Сергеј Шојгу има еден во својата гаража.

„Тоа е како Хамер, цивилната верзија на американското летно оклопно возило Хамви. Тоа е полесно, нема оклопни капсули за екипажот, или воена шасија“, истакна експертот.

Ако сакате цивилен Тигар за себе треба да бидете подготвени да платите 245.000 долари.

Прочитајте уште: Видео: Три руски оклопни возила кои мора да ги видите