Ловец на „Фантоми“, смртоносна „балалајка“ и други крилати терминатори на Артјом Микојан

Russia Beyond дава преглед на најважните и на најинтересните проекти на ОКБ МиГ со кои се постигнати вкупно 55 светски рекорди.

Светски авион

Првиот советски ловечки авион на млазен погон е МиГ-9. Без оглед на тоа што пилотите се плашеа да летаат на авиони без елиса, а механичарите немаа искуство во работата со млазни мотори, искуството што е добиено за време на создавањето на авионот му овозможи на Конструкторското биро на Микојан и Гуревич да го создадат МиГ-15, еден од најдобрите ловечки авиони од тоа време.

Ѕвездениот момент за МиГ беше во војната во Кореја. Појавувањето на најновите советски ловци беше сосема неочекуванo за САД. МиГ-15 лесно парираше на бавниот F-80 и успешно ги гонеше бомбардерите поради што Американците на Далечниот Исток итно го префрлија F-88 Sabre кој неодамна беше воведен во вооружувањето.

„Мошне често за исходот од двобојот одлучуваше првиот напад. По ударот МиГ-от брзо се искачуваше нагоре, додека Сајбрите, напротив, тежнееја да се прилепат кон земјата. Секој се трудеше да ги искористи најдобрите борбени карактеристики на својот авион, поради што битката понекогаш се ограничуваше на еден напад, по кој ние ќе завршевме горе, а Американците долу“, раскажува командирот на ескадрила Сергеј Крамаренко кој во Кореја има забележано 13 победи во воздух.

МиГ–15.

МиГ-15 е најмасивен млазен борбен авион на светот. Освен во СССР по лиценца се произведуваше во Полска, во Чехословачка и во Кина. Вкупно беа направени над 15 илјади авиони. Овој ловец повеќе од половина век служеше во вооружувањето на 40 земји.

Ловец на „Фантоми“

МиГ-19 однесе поголема воздушна победа во војните во Виетнам и во вооружениот судир помеѓу Индија и Пакистан. Кинеските копии на авионот МиГ-19 со назив Ј-6, со кои пилотираа локалните пилоти, ги гореа американските „Фантоми“ во Виетнам, а над Кашмир ги уништуваа Су-7 на индиското воено воздухопловство.

Моќното вооружување на ловецот (три топа со калибар од 30 милиметри) беше во согласност со извонредната маневарска способност и со добрата брзина на полетување. Пилотите повеќе пати го истакнуваа високото ниво на сигурност на авионот.

МиГ-19.

Во СССР МиГ се применуваше за пресретнување на оние кои ќе ја повредат државната граница. Во неговата евиденција е американскиот далекустрелен авион RV-47 соборен во 1960 година над Заполарје, неколку авиони на ВВ на САД уништени во воздушниот простор на Германската Демократска Република, и голем број извидувачки балони.

Смртоносна „балалајка“

Следниот хит на Микојан беше МиГ-21, најраспространетиот надзвучен авион на светот. Сериското производство започнато е пред повеќе од половина век, а сè уште се произведува во Кина. Споредбената карактеристика на МиГ-21 е ниската цена: модификацијата на авионот за извоз чини помалку од БМП-1.

МиГ-21 во НАТО го има добиено називот „fishbеd“ кој тешко се објаснува (геолошки слој кој е богат со фосилни остатоци од риби). Советските пилоти овој ловец поради својот триаголен облик го нарекоа „балалајка“.

МиГ–21.

Заедно со претходниот модел, МиГ-21 успешно војуваше во Виетнам. Малиот ловец со голема маневарска способност стана сериозен противник на американските „Фантоми“ од втората генерација. Во САД дури беше разработена специјална тактика на воздушната борба со него. Виетнамските пилоти се придржуваа на советската тактика: наведени на целта од земја, ловците се појавуваа и зад американските авиони, ги напаѓаа со наведувачки ракети и се враќаа во базата.

Остро око

Јуришниот авион МиГ-27 поради одличната прегледност од кабината го има добиено прекарот „балкон со поглед на бојно поле“. Но, вистински остроок авион стана пресретнувачот МиГ-31. На него за првпат во светот се појави радиолокациска станица со фазна антенска решетка која овозможува забележување на воздушните цели (вклучително и на оние што слабо се забележуваат) на оддалеченост од 320 километри.

МиГ–27.

Неговата вградена електорника пронаоѓа 24 цели, следи 10 од нив, избира 4 најважни и ги навидува на нив своите ракети со голем дострел „возду-воздух“. Четири авиони МиГ-31 можат да го контролираат воздушниот простор над фронтот од 800 до 900 километри.

Подвижен и кабест

Модернизираниот МиГ-29 претставува основен ловец на Военото воздухопловство на Русија, а истовремено и летачка лабораторија за истражување на новите технологии. На него се поставени мотори со променлив вектор на влечата, чии авиони соопштуваат за новото ниво на маневарски способности.

МиГ–29.

Првите авиони МиГ-29 пилотите на шега го нарекоа „авион со близок погон“, со оглед на тоа дека имаа доволно гориво само да го облетаат аеродромот. Денес модификацијата на СМТ доби најнова авионска електроника, дополнителни резервоари за гориво и опрема за дополнување гориво во воздух.

Ловец на иднината

Експерименталниот проект на ловец од петтата генерација 1.44 требаше во серијата да добие назив МиГ-35 МФИ (повеќенаменски фронтовски авион). Планирано е опремувањето на авионот со мотори со контролирана векторска влеча, во неговото производство широко се применуваа стелт-технологиите.

МиГ–35.

Но, во 2002 година е направена одлука на Владата за создавање на ПАК ФА со која е запрен развојот на 1.44. Единствениот летачки прототип кој е подигнат во него на 29 февруари 2000 година, денес се наоѓа во ЛИИ „Громов“ (Институт за аеронаутика) во Жуковски.

Прочитајте уште: Десет врвни руски воени авиони

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња