Руското Министерство за одбрана постави на својот „Јутјуб“ канал снимка на која се прикажани можностите на современите блиндирани возила од фамилијата„Тајфун“.
Видеоснимката е објавена по повод Денот на воените возачи.
Од снимката се гледа како возилото функционира во различни услови, на патишта завеани со снег, ридест и на терен без асфалтни патишта.
Благодарение на својата сила и маневарските можности во одредени моменти во текот на совладувањето на пречките оклопното возило буквално полетува над патот. По аналогија со руските „летечки тенкови“ блиндираните возила „Тајфун“ се наречени „летечки блиндирани аатомобили“.
Прикажани се и возачите во кабината додека управуваат со блиндираните камиони со кое се превезува товар.