Видео: Каков монструм направија Сиријците од руски тенк

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Тешкиот ракетен систем Golan-1000 на четвртата тенковска дивизија на регуларната сириска војска се појави на видеоснимка. Golan-1000, кој е во состојба да уништува добро утврдени објекти предизвика голем интерес кај воените стручњаци во целиот свет.

Јуришното возило е направено врз база на рускиот тенк Т-72. Калибарот на ракетите изнесува 500 мм, тежината приближно 500 килограми, а дострелот околу три километри.

За разлика од рускиот тежок ракетен фрлач ТОС-1А „Сонцепјок“, изумот на сириските инженери не истрелува термобарични, туку ракети со обичен експлозив кој во голема количина доведува до огромни разурнувања.

На снимката е прикажано како операторот далечински управува со ракетниот систем Golan-1000.

Прочитајте повеќе: Соборените американски ракети база за иден развој на руските системи за противелектронска борба