Соборените американски ракети база за иден развој на руските системи за противелектронска борба

Систем „Красуха“

Систем „Красуха“

Прес фото

Најновите примероци на овие ракети кои се соборени од страна на ПВО на сириската армија се доставени во Русија каде детално беа прегледани од руските експерти. Врз основа на нив ќе се изврши прилагодување на постојните системи за противелектронска броба, но и ќе се започне програма за развој на нови средства која ќе се заврши во рекорден временски рок.

„Новата техника е должна да ги покрие сите фреквентни опсези преку кои функционираат овие ракети“, изјави генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ (Радиоэлектронные технологии) Владимир Михев. Според него, развојот на нови системи за противелектронска борба кои значително ќе ја унапредат ефикасноста на борбените состави кои се занимаваат со овие специјализирани задачи ќе трае најмалку 2-3 години.

„Нам ни е најинтересна за проучување практичната примена на овие системи во реални борбени услови, како што се случува во Сирија. Ние од соборените ракети можеме да видиме како таа функционира, од моментот на полетување па сѐ до ударот во својата цел. Детално нѐ интересираат каналите за примопредавање на информациите и управувањето, потоа елементите за навигација и локација“, истакнува Михев.

Специјалистите особено ги интересира степенот на заштита на овие канали. „Кога ги знаеме сите параметри на функционирање на овие „фини“ системи за командување и навигација, можеме многу ефикасно да ја блокираме секоја крстосувачка ракета и тоа на сите етапи од нејзиниот лет“, категоричен е Михев.

Покрај крстосувачките ракети руските експерти особено ги интересираат средствата за извидување кои се наоѓаат на беспилотните летала од западно производство, како и авионите од петта генерација F-22 и F-35, од кои вториов се наоѓа во израелските воздухопловни сили.

За разлика од Мухев, пратеникот во Државната Дума Николај Антонишкин¹ изјави дека нови системи за противелектронска борба можат да бидат направени неверојатно брзо, за само 15-30 дена.

„Во нашите вооружени сили имаме исклучително широка палета на различни системи за противелектронска борба. Убеден сум дека не ни треба многу време да ги прилагодиме тие системи на најновите потреби. Ако постои желба да се направи тоа, тогаш можеме да го завршиме тоа во многу краток рок“, истакнува генерал Антонишкин.

¹Поранешен заменик-командант на ВВС на Русија, генерал-полковник

Прочитајте повеќе: Рускиот систем за ПВО доминира во Сирија: Соборен дожд ракети над базата Думајр

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња