Руски „Корнет-Д“ од огромна далечина разнесе возило со терористи во провинцијата Латакија

Слободан Ѓукиќ

Сириската арапска армија во својот арсенал, судејќи според сѐ, поседува наведувани противтенковски ракети со екстензивен дострел „Корнет-Д“. Имено, во последно време сѐ поголем број на информации доаѓаат од редовите на екстремистичките групи во Сирија кои зборуваат за нивните зголемени загуби во тнр. зони на „снабдување“ кои претходно не ги покриваа средства со наведувани ракети како што се „ Фагот“, „Метис“ па и класичната верзија на „Корнет“.

Имено, последниот инцидент се случил во провинцијата Латакија кога од далечина од 7500 метри е погодено пикап возило во кое се наоѓале петмина борци на исламистичката група „Фајлак аш-Шам“. Од дејството на разорната боева глава со калибар 152мм која ја носи оваа ракета (ист калибар имаат и гранатите истрелани од самоодната хаубица „Коалиција“), во целост е уништено возилото, додека сите патници што е наоѓале во него загинале на местото.

Рускиот систем „Корнет-Д“ може со екстремна прецизност да погоди цел на растојание и до 10 км. Пробојност на тандем-кумулативната боева глава е огромна и изнесува речиси метар и половина на хомогена челична плоча, или неколку метри армиран бетон испреплетен со челични шипки. Значи, оваа ракета гарантирано може да ги пробие сите типови основни борбени тенкови кои денес се наоѓаат во вооружувањето на армиите во светот. Освен ракети опремени со кумулативни боеви глави, во арсеналот на овој систем можат да се најдат и ракети со распрскувачко-разорни и термобарички боеви глави.

Прочитајте повеќе: Метеж меѓу терористите: Русите го испратија во Сирија најновиот „снајпер“ со голем калибар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња