Првиот „летечки теренец“ во Русија се очекува 2022 година

ФПИ

Првиот лет на „летечкото теренско возило“ со суперкратко полетување и слетување за кое веќе се заинтересирани Министерството за одбрана и Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација е планиран за 2022 година, најавува Фондот за перспективни истражувања, пренесуваат руските медиуми.

Фондот за перспективна истражувања и компанијата „ПромСервис“ од градот Истра се автори на проектот за авион со суперкратко полетување и слетување. Првиот лет на демонстраторите на леталото е предвиден за 2022 година. Интерес за оваа иновација веќе покажаа Министерството за одбрана и Министерството за вонредни состојби на РФ, велат од Фондот.

Како што објаснија тие, „летечкиот теренец“ ќе може да слетува и полетува од платформа до 50 метри со пречки кои не се повисоки повеќе од 15 метри. Ќе биде применет систем на бришење на воздухот со носечките површини со помош на десет пропелери на електричен погон поставени на предниот раб на крилата.

При брзина од 250 километри должината на летот без дополнување на гориво ќе изнесува 1000 км, максималната брзина ќе биде 315 километри на час, а носивоста 500 килограми. За пилотирање со леталото ќе биде задолжен оператор или ќе се врши во автономен режим.

Фондот за перспективни истражувања е формиран во 2012 година со  амбиција да им дава помош на научните истражувања и развојот во сферата на одбраната и безбедноста на земјата. Дејноста се врши во три правци – хемиско-биолошки и медицински, физичко-технички и информатички. Кон крајот на 2015 година во рамките на ФПИ е создаден Националниот центар за развој на технологии и основни елементи на роботизирана техника. Во моментов фондот работи на преку 50 проекти за чии потреби се отворени повеќе од 40 лаборатории на водечките универзитети, научно-истражувачките институти и во претпријатијата од одбранбената индустрија.

 Прочитајте повеќе: Во Русија направен првиот пробен примерок на модернизираниот хеликоптер Ми-171Ш

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња