Кога ќе се појават летечки автомобили?

Кадар од рускиот филм „Црна молња“

Кадар од рускиот филм „Црна молња“

Kinopoisk.ru
Помалку од година дена им требаше на членовите на далекуисточното конструкторско биро „4232” да го направат проектот на летечкиот автомобил Furia N1. Истиот на IT форумот „Руски MeetUp” во Владивосток беше претставен во вид на минијатурна макета.

Според мислењето на авторите на проектот, тие успеале да направат превозно средство кое може да лета, а по надворешниот изглед максимално потсетува на автомобил. Авторите на проектот истакнуваат дека она што на светскиот пазар се нарекува летечки автомобил, често повеќе наликува на авион или на дрон.

„Нашиот автомобил нема да се крева во воздух како хеликоптер. Тој ќе може да ги поминува пречките во градот, но не и меѓу градовите. Ќе може да лета околу пет минути. Ако биде поставена задача тоа да се направи во стилот на „Црната молња“ (руски филм за суперхерој во летечки автомобил), ние сме подготвени да почнеме со работа, но засега таква задача нема“, изјави еден од членовите на далекуисточното конструкторско биро „4232” Константин Кравцов.

Проект на далекуисточното конструкторско биро „4232”

Автомобилот може да превезува само две лица, а багажник не е предвиден. На негово место ќе се наоѓа реактивен мотор, а возилото е со такви димензии што може да се движи по обични патишта. Надворешната конструкција на реалниот модел ќе биде направена од карбонска пластика. Според мислењето на Кравцов, тоа е најотпорниот, најлесниот и најдостапен материјал. Изработката и тестирањето на ваквото превозно средство е многу скапо и затоа конструкторот очекува дека на форумот проектот ќе го привлече интересот на инвеститорите.

„Овде е претставен проект, а не реален модел, само поради причината што производството на вистински автомобил е многу скап потфат. Тоа е возило кое нема да може да го поседува секое семејство со просечни примања. Денес ниту хеликоптер не може секој да има, а тие се смислени многу одамна и можат реално да се купат, иако се многу скапи“, објаснува еден од членовите на далекуисточното конструкторско биро „4232”.

„Не очекувам дека ќе имаме иднина во стилот на „Петтиот елемент“. Во наредните 150 години летечките автомобили нема да бидат масовна појава. Нашиот модел е едноставно еден чекор напред“, рече Кравцов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња