Медиум: Можностите на Русите за противелектронска борба се неизмерни

Според некои показатели армијата на САД суштински заостанува зад руската, пишува американскиот портал за воена аналитика „Дифенс Њуз“.

Рускиот систем за противелектронска борба за неколку пати е подобар од американскиот и може да ѝ нанесе сериозна штета на американската војска, затоа што Американците немаат такво борбено искуство, пишува „Дифенс Њуз“ (Defence News).

„Ниеден Американец никогаш не се судрил со руската артилерија и си немал работа со сериозните системи за противелектронска борба, со создавање пречки или собирање на информации“, смета командантот на копнените сили на НАТО во Европа генерал-полковник Бен Хоџис.

За разлика од американските вооружени сили, руската армија има сериозни единици за противелектронска борба кои можат да направат да не функционира работата на мрежите на оперативната команда и синџирот на командување со трупите. Американскиот командант ги нарече можностите на руската армија за водење противелектронска борба „неизмерни". 

„Нашиот главен проблем се состои во тоа што ние немаме војувано во услови на отсуство на комуникација во период од неколку децении, затоа не знаеме како да дејствуваме во таква ситуација. Кај нас отсуствува тактика и алгоритам на дејствување, ние апсолутно не сме подготвени за водење борбени дејствија во услови на отсуство на комуникација“, ја коментира ситуацијата поранешниот началник на управата за ПЕБ на копнените сили на САД Лори Бакхаут.

Бакхаут истакна дека САД немаат толку широки можности за ПЕБ какви што има Русија. „Ние имаме многу добро електронско разузнавање и можеме да прислушуваме деноноќно, но да исфрлиме апаратура од строј - овде нашите можности не допираат ни до една десетина од истите показатели на руската армија“, смета Бакхаут. 

Како што истакнува изданието, Министерството за одбрана на САД дало зелено светло за програма која ќе овозможи да се направи ваква промена, меѓутоа првите резултатите се очекуваат кон 2023 година, а програмата ќе биде завршена во целост дури по 12 години.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња